top of page
Doctor Checking a Form
ПРЕЗЕМАЊЕ РЕЗУЛТАТИ

ПРЕЗЕМАЊЕ РЕЗУЛТАТИ

Резултатите од сите Ваши испитувања може да ги добиете во електронска или во испечатена (хартиена форма). Со цел да бидеме сите еколошки свесни, нашата препорака за преземање на резултатите е секако електронската форма. laboratory covid19

Електронска форма: при Вашето најавување во нашиот систем креираме Ваш личен профил во којшто ја внесуваме Вашата e-mail адреса; па така, при комплетирање на резултатот, нашиот систем автоматски го испраќа.

Печатена форма: доколку сепак преферирате да ги добиете резултатите во печатена (хартиена) форма, можете да ги земете на инфо шалтерот секој работен ден од 07:30 – 15:00 часот.

КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ?

КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ

 

На резултатите од лабораториските анализи можат да влијаат многу фактори, како што се: возраста, полот, телесната маса, начинот на исхрана, физичката активност, медикаментозната терапија, бременоста, менопаузата, како и начинот на живот и животните навики (пушење цигари, пиење кафе, алкохол, енергетски пијалаци и слично). Важно е да оставите точни лични податоци бидејќи тие влијаат на толкувањето на резултатите.

 

Исто така, од клучно значење за точноста на сите лабораториски резултати е соодветната подготовка на пациентите при земањето или оставањето на примерок. На секоја различна анализа ѝ претходи различна подготовка, така што информирајте се убаво во понатамошните секции за тоа како да се подготвите за конкретната анализа од интерес.

ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

 

Најголемиот дел од лабораториските анализи наложуваат потреба од земање крв наутро и на празен стомак, односно 12 часа по последниот оброк. Внесувањето на храна непосредно пред земањето примерок може да влијае на нивоата на многу параметри, како што се: глукозата, холестеролот, триглицеридите, железото, протеините и така натаму.

 

Храната што ќе ја внесувате претходниот ден треба да биде лесна (варена или сирова), да не е богата со премногу калории и премногу масти и шеќери (како што се сирењата и кашкавалите, месото, млекото и млечните производи, јајцата, мајонезот, сите типови на благо и слатки, сите типови на грицки и слично).

 

Не треба да внесувате чај, кафе, алкохол, енергетски пијалаци и газирани сокови. Не треба да пушите цигари. Дозволено е да пиете вода (по потреба) и утрото непосредно пред земањето крв.

 

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

 

Физичката активност треба да се избегнува 24-48 часа пред земањео на крвта, затоа што истата може значително да влијае на нивото на многу параметри (креатин киназа - CK, лактат дехидрогеназа - LDH, аспартат аминотрансфераза - AST, аланин трансаминаза – ALT, калиум - К, магнезиум - Mg, креатинин и други), што пак може да придонесе до погрешна интерпретација и воспоставување на погрешна дијагноза.

 

ЛЕКОВИ И СУПЛЕМЕНТИ

 

Пред земање на примерокот се препорачува 24-48 часа да не се земаат лекови и препарати кои можат да влијаат на резултатите. Доколку земате некаква медикаментозна терапија препишана од лекар или пак некакви суплементи (додатоци) во исхраната како витамини, минерали и слично – задолжително известете го медицинското лице.

 

I. Хронична (доживотна) медикаментозна терапија

 

Ако се работи за хронична (доживотна) терапија за која што лекарот Ве советувал да не ја прекинувате, најдобро е венепункцијата да се изврши рано наутро пред примањето на терапијата. Ова особено важи за оние пациенти кои земаат антикоагулантна или антиагрегатна терапија.

 

II. Суплементи (додатоци) во исхраната

 

Доколку земате суплементи во исхраната од типот на различни витамини, минерали или други додатоци, за да ги избегнете нивните потенцијални влијанија врз лабораториските резултати, потребно е да го прекинете нивниот внес 7-10 дена пред посетата во лабораторија (особено ако испитувате концентрација на витамини, минерали, хормони или тумор-маркери). Ова се прави со цел да се отстрани суплементот (или лекот) од Вашиот организам, меѓутоа најпрво консултирајте се со Вашиот лекар доколку истиот ви го има препишано суплементот (или лекот) заради можни влијанија врз лабораториските анализи.

 

Ако во горенаведениот опис не можете да најдете подетални препораки за Вашите лабораториски анализи од интерес, Ве молиме контактирајте нѐ.

 

ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ДРУГИ АНАЛИЗИ

 

I. Хормони

 

Нивото на одредени параметри како што се хормоните пролактин, кортизол, адренокортикотропен хормон и слично, во голема мера варира во завиност од периодот на денот или пак во зависност од моменталната состојба, па треба да се изведува при целосна релаксација и мирување. При испитување на овие параметри претходно треба да Ве советува Вашиот лекар.

 

Кај жените, фазата од менструалниот циклус или неделата од бременост кај трудниците влијае на резултатот и тогаш е неопходна консултација со доктор за да се обезбеди соодветен примерок.

 

II. Анализи независни од времето на земање примарок

 

Примероците за одредување на комплетна крвна слика (број на крвни клетки и тип на крвни клетки), ниво на туморски маркери, детекција на вируси, како и сите молекуларно-биолошки анализи може да се испитаат во текот на целиот ден (не само рано наутро), бидејќи овие анализи се независни од консумирање на храна, пијалаци и слично.

 

III. Oral Glucose Tolerance Test (OGTT)

 

При правење на тест со оптоварување со глукоза, пациентот првично прима орално глукоза, при што потребно е во лабораторијата да остане долго време - бидејќи по внесувањето на глукозата се зема примерок периодично во некоку временски инстанци (во рок од 3 часа). Тестот се прави рано наутро, на празен стомак. Пред правењето на тестот не е дозволено внесување на храна и пијалаци и тоа најмалку 12 часа, а неколку дена претходно пациентот треба да е на строг режим на исхрана и треба да прекине со примање на одредена медикаментозна терапија која може да влијае на резутатите од тестот (како што се на пример диуретиците, лаксативите, сулфонамидите, кортикостероидите, хормонските котрацептиви, како и нестероидните анти-инфламаторни лекови), меѓутоа исклучиво во консултација со лекар. Дозволено е пиење вода, не е дозволено консумација на алкохол или пушење цигари. Не е пожелно неколку дена претходно пациентот да се изложува на интензивна физичка активност. За овој тест потребно е да закажете термин.

 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ВЕНЕПУНКЦИЈА

После извршената венепункција, раката треба да се држи исправено при што на местото на убодот треба да се притиска цврсто 5 минути. Раката не треба да се витка. Доколку земате лекови кои делуваат како антикоагулантна или антиагрегатна терапија (аспирин, хепарин, клексан, андол, клопидогрел, аценокумарол и сл)., треба да притискате 10-15 минути со цел да превенирате појава на хематом (модринка). Исто така, со цел превенција од формирање на хематом, се препорачува избегнување на физичка активност или вежбање во текот на денот.

БИОХЕМИСКИ АНАЛИЗИ

 

За анализа на биохемискиот статус на урината, како примерок се користи првата утринска урина којашто се зема во стерилен сад. Иако може да стои во фрижидер на +4 степени, бидејќи анализата треба да се направи во рок од 2-4 часа од собирањето, пожелно е истата да се донесе во лабораторијата веднаш.

 

За анализи при кои се одредува 24 часовна (целодневна) урина, најпрво треба да испиете 1.5-2 литри вода. Потоа, урината треба да се собира во чисто пластчно шише. Првата урина утрото се фрла и тоа по целосното празнење на мочниот меур, при што се запишува и времето. Сите останати примероци урина во текот на денот и ноќта се собираат во шишето. По изминувањето на 24 часа од запишувањето на времето, се собира целата останата урина со целосно празнење на мочниот меур и се додава на вкупниот волумен. Со тоа се комплетира процесот.

 

УРИНОКУЛТУРА/МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ

 

При собирање на урина за уринокултура и микробиолошки анализи постојат одредени правила и процедури кои треба да се почитуваат, со цел да се осигураме дека урината не е контаминирана. Процесот треба да се започне рано наутро и да се собере првата урина. Најпрво треба темелно да се изврши тоалета со млака вода и детергент (сапун или гел за туширање), меѓутоа не треба да се користат дезинфециенси или препарати со анти-бактериски својства. Гениталните органи треба да се мијат од напред кон назад. Потоа, кожата треба целосно да се исуши, без да се користат козметички препарати. Откако ќе се направи сето ова, се продолжува кон процесот на уринирање при што првите неколку млазови урина се одмиваат затоа што ги одмиваат бактериите од кожата, уретрата и слично. Се собира во стерилен сад средниот млаз урина при што стерилниот сад се полни 1/3.

 

Примерокот треба веднаш да се донесе во лабораторијата или да се чува соодветно во фрижидер додека да се донесе, со цел да се превенира развој на бактерии од цревна, вагинална или кожна флора.

 

Исклучок од процесот се прави при испитување на присуство на chlamydia, mycoplasma или ureaplasma кај мажите – се собира првиот млаз урина бидејќи во него би се наоѓале најмногу епителни клетки, на кои пак се наоѓаат овие бактерии. Кај жените за овие бактерии генерално се земаат цервикални брисови од страна на гинеколог. Покрај урина, кај мажите за овие бактерии може да се земе и уретрален брис, доколку постои сомнеж за уретритис.

ЗЕМАЊЕ НА БРИС ОД ГРЛО ЗА МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ

 

Брис од грло (фаринкс) може да се земе било кога во текот на денот, меѓутоа треба да се поминати барем 2 часа од последното консумирање на храна или пијалаци. Се зема на тој начин што пациентот ја отвора широко устата и го исплазува јазикот надвор, при што стручното лице со стерилнна брисоловка подлабоко навлегува во грлото и неколку пати поминува по крајниците и фаринксот, при тоа внимавајќи да не ја допре внатрешноста на устата.

 

При земањето на брис од грло кај деца, потребно е некој од родителите да му помага на стручното лице, на тој начин што детето го седнува во својот скут, со едната рака му ја држи главата прилепена назад, а со другата рака ги држи неговите раце спуштени долу; на овој начин стручното лице има непречен пристап до грлото на детето.

ЗЕМАЊЕ НА БРИС ОД НОС ЗА МИКРОБИОЛОШКИ АНАЛИЗИ

Брис од нос се зема најмалку 4 часа после последното користење на средства за испирање и/или капки за нос. Брисовите се земаат на тој начин што стручното лице со вметнување на стерилна брисоловка во носот на пациентот истата ја врти неколку пати и го собира секретот од носот.

 

При земањето на брис од нос кај деца, потребно е некој од родителите да му помага на стручното лице, на тој начин што детето го седнува во својот скут, со едната рака му ја држи главата прилепена назад, а со другата рака ги држи неговите раце спуштени долу; на овој начин стручното лице има непречен пристап до носот на детето.

ЗЕМАЊЕ НА ИСКАШЛОК (SPUTUM)

Познато е дека кашлицата е најпродуктивна рано наутро. Се зема на тој начин што најпрво пациентот ја испира устата со вода, ја исплукува водата, потоа длабоко се искашлува и го исплукува искашлокот во стерилен сад.

 

ЗЕМАЊЕ НА УРЕТРАЛЕН БРИС 

 

Земањето на уретралниот брис идеално би било да се изврши од страна на доктор или стручно лице. Ваков тип на брис се зема доколку постои сомнеж за уретритис предизвикан од одредени бактерии. Се зема наутро или пак 2 часа после последното мокрење.

ЗЕМАЊЕ НА ВАГИНАЛНИ/ЦЕРВИКАЛНИ БРИСОВИ

За земањето на вагинални брисови треба да се напомене дека истите не треба да се земаат доколу пациентката имала сексуален однос во последните 24-48 часа. Овие брисови се земаат од страна на стручно лице – лекар (гинеколог) при гинеколошки преглед. Се земаат вкупно 4 брисови: еден вагинален брис за бактерии и габи, еден цервикален брис за бактерии и габи, еден цервикален за mycoplasma и ureaplama, како и уште еден цервикален за chlamydia.

 

Уретрални брисови кај жените се земаат рано наутро пред првото мокрење или 2 часа по последното мокрење. Се земаат три уретрални брисови, еден за бактерии и габи, вториот за mycoplasma и ureaplasma, третиот за chlamydia.

 

Брисовите за HPV типизација се земаат од страна на стручно лице – лекар (гинеколог), на посебен начин и со посебна брисоловка во посебен медиум.

 

ЗЕМАЊЕ НА БРИСОВИ ЗА COVID-19

 

1. Земање на примероци за PCR тест за SARS-CoV-2

 

За извршување на PCR тест за SARS-CoV-2 се земаат брисови од нос и грло (исто како и за други респираторни патогени), при што стручното лице кое ги зема примероците најпрво зема примерок од грлото со тоа што длабоко навлегува со стерилна и сува брисоловка во истото избегнувајќи ги крајниците, а потоа со друга стерилна и сува брисоловка навлегува подлабоко во носот и ја трие брисоловката од слузокожата.

 

2. Земање на примероци за антигенски тест за SARS-CoV-2

 

За извршување на антигенски тест за SARS-CoV-2 се земаат назофарингијални брисови, на тој начин што стручното лице длабоко ја вметнува специјалната брисоловка во ноздрите на пациентот. Овој тип на земање на брисови знае за многу пациенти да е прилично непријатен, но процедурата трае неколку секунди и е апсолутно безболна и безбедна.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQs)

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Со RT-PCR тестот се одредува присуство или отсуство на генетски материјал од самиот вирус во испитуваниот примерок. Ова е високо сензитивен метод, благодарение на кој може да се детектираат и многу ниски концентрации на вирусот, односно истиот може да се детектира на самиот почеток или на самиот крај од инфекцијата. Резултатите се добиваат за неколку часа или во текот на денот.

Брзите антигенски тестови се препорачуваат кај оние кои веќе имаат манифестација на симптоми карактеристични за COVID-19, бидејќи тие се помалку сензитивни од PCR тестовите и не детектираат ниски нивоа на вирусот. Резултатите се добиваат за 15-20 минути.

Какви тестови се бараат?

 

Во ZAN MITREV LABS може да направите брз антигенски тест по цена од 1000 денари или пак директен PCR тест по цена од 1500 денари. Резултатите од брзиот антигенски тест се добиваат за 15-20 минути, а резултатите oд PCR тестот во текот на денот.

 

​Рестрикциите за патување во странство поврзани со пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2 варираат во зависност од државата во која се патува. Но сепак задолжителни се негативни COVID-19 тестови, особено за оние кои патуваат со авион.

 

Се прифаќаат негативни PCR тестови или пак негативни антигенски тестови одобрени од страна на СЗО. Се бараат резултати изработени во строго одредени временски рамки. За овие податоци пациентите треба претходно да се информираат и да ја изберат опцијата која најмногу им одговара.

Дали може да ги добијам резултатите на друг јазик?

 

Во услугата вклучен е превод на англиски или германски јазик и уникатен QR код кој ја гарантира веродостојноста на резултатот.

 

Работното време на ZAN MITREV LABS е од 08:00 – 15:00 часот, секој работен ден. Контактирајте нè.

 

ZAN MITREV LABS се наоѓаат во населбата Скопје Север во Скопје, наспроти Point Retail Park, во објектот на Viva Fresh Store. Погледнета ја мапата.

 

Прочитајте повеќе за цените во делот анализи.

 

Потребата од претходна подготовка и начинот на подготовката зависат од типот на анализите кои што ќе ги правите и се разликуваат помеѓу разчични типови анализи. Прочитајте подетално за конкретната анализа од интерес во делот како да се подготвите или пак контактирајте нè.

 

За голем дел од лабораториските биохемиски анализи – да. За останатите анализи – не. Прочитајте подетално за конкретната анализа од интерес во делот како да се подготвите или пак контактирајте нè.

Возможно е да закажете термин, меѓутоа закажувањето термин не е задолжително*. Може да дојдете во текот на секој работен ден, и тоа од 08:00 – 16:00 часот.

 

* Исклучок: само оние пациенти кои треба да направат OGTT – тест за оптоварување со глукоза. Може да се јавите на 389 2 650 103 или пак да ни пишете e-mail на info@zml.mk, или пак да го закажете својот термин преку нашата веб-страна.

Во ниту еден случај. Земањето на биолошки примероци секогаш се врши со потрошен материјал кој е за еднократна употреба и е стерилен, а го врши високо обучен персонал кој ги следи сите највисоки стандарди и протоколи на работа. Покрај тоа, во нашите лаборатории е имплементирано највисоко ниво на безбедност поради COVID-19 пандемијата, што пак следствено важи и за сите останати потенцијални патогени. Прочитајте повеќе во делот работа во пандемија за тоа како се справуваме со COVID-19 на секојдневно ниво.

 

За најголем број од анализите, резултатите се добиваат уште истиот ден (доколку не дојдете предоцна, пред самиот крај на работното време). Контактирајте нè и информирајте се.

Нема потреба од тоа повторно да доаѓате. При Вашето најавување во нашиот систем, креираме Ваш профил во којшто ја внесуваме Вашата e-mail адреса; па така, при комплетирање на резултатот, нашиот систем автоматски го испраќа истиот на Вашата e-mail адреса. Секако, возможно е и лично да ги подигнете.

 

Резултатите од COVID-19 тестовите ги добивате на јазикот на којшто ви се потребни, односно на македонски, англиски или германски. На нив ина уникатен QR-код кој ја гарантира нивната веродостојност. Прочитајте повеќе за ова во делот COVID-19 тестови за патување.

 

Затоа што лабораториските вредности понекогаш може да варираат и на нив може да влијаат различни фактори, како што се возраста, полот, животните навики и начинот на живот, медикаментозните терапии, патолошките состојби и слично. Сето ова мора да се земе предвид.

 

Двојната идентификација при земање на примероци всушност значи уште едно проверување дека сме го повикале вистинскиот пациент за одредена анализа – проверуваме дали го има соодветниот датум на раѓање, бидејќи се случува истовремено да дојдат пациенти со исто име и презиме.

 

Без разлика на потребата или причината поради која ја правите конкретната анализа, референтните (нормалните) вредности се секогаш наведени на самите резултати, при што можете да видите дали Вашите вредности отстапуваат. Вашите резултати секогаш треба да се интерпретираат од страна на лекар, при што истиот ќе ги земе предвид и во склоп на сите останати податоци од презентираната клиничка слика.

 

Треба да го искомуницирате тоа. Нашиот високо-обучен персонал и бездруго ќе се потруди да ви го направи целото искуство пријатно и комфорно, а покрај тоа и ќе Ви објасни дека нема потреба да чувствувате страв и анксиозност затоа што се работи за целосно безбедни процедури кои не носат речиси никаков ризик по здравјето (венепункција, земање брисови и слично).

 

Треба да го искомуницирате тоа. Иако нашиот високо-обучен персонал ги следи сите највисоки стандарди при работата, добредојдени ќе бидат Вашите претходни искуства или пак Вашите мислења за тоа како да се олесни процесот.

 

Примероците се чуваат 5-7 дена, така што возможно е да се изработат и дополнителни анализи за најголем број од тестовите – доколку е земен соодветен тип примерок. Контактирајте нè за да се информирате за анализата од интерес.

bottom of page