top of page

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Дијагностичките и терапевтските одлуки зависат од прецизноста и веродостојноста на резултатите од лабораториските анализи, затоа што значаен дел од тие одлуки силно се засноваат на лабораториските резултати.

Наша визија е да поставиме највисоки стандарди на квалитет во дијагностичките лаборатории и да овозможиме веродостојни резултати, со цел поставување на точна дијагноза и следствено најдобра понатамошна грижа за пациентите. Инвестираме во технологии и методи кои овозможуваат висока точност и брзина, како и флексибилност за експанзија и понатамошно проширување на диверзитетот и применливоста на лабораториските тестови.

Наша мисија е постојано да создаваме услови за точни, брзи и иновативни лабораториски услуги со користење на модерни и прогресивни технологии, организирани логистички системи, како и ангажирање на сертифициран лабораториски персонал со богато искуство и едукација.

ВИЗИЈА И МИСИЈА
Фото албум

ФОТО-АЛБУМ

laboratory covid19

bottom of page