top of page
Image by Towfiqu barbhuiya

ТЕСТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА МОМЕНТАЛНОТО СРЦЕВО ЗДРАВЈЕ

hsTPI - ВИСОКО-СЕНЗИТИВЕН ТРОПОНИН

Што е тропонин-I и за што се користи?

Тропонин-I е добро познат и веродостоен специфичен срцев биомаркер, којшто најчесто се користи во ургентните центри за утврдување на срцев инфаркт. Меѓутоа, освен за одредување на акутен срцев инфаркт, CE-сертифицираниот тест на Abbott за High Sensitive Troponin-I може да се користи и за групирање на луѓе коишто немаат видливи симптоми на срцева болест, и тоа во категории со низок, среден или висок срцев ризик. Со други зборови - го одредува моменталното срцево здравје.

 

Стратифицира луѓе без симптоми во групи со низок, среден или висок срцев ризик

Во проактивниот пристап на кардиологијата, најголема вредност за лекарот има стратификацијата на неговите асимптоматски пациенти во групи со низок, среден или зголемен иден срцев ризик. Ова овозможува од една страна да се приоритизира здравјето на тие со висок и среден ризик, а од друга страна да се избегнат непотребни тестирања и терапија кај тие со низок ризик.

 

Иако овој тест може да се користи и засебно, разумно е да се евалуира пациентот во комбинација со други клинички и дијагностички наоди, а воеднo да се земат предвид и клиничкиот контекст и други стандардни параметри како семејна историја, висок крвен притисок, липиден статус, пушачки статус, дијабетес и слично. На пример, овој тест може да има висока употребна вредност кај пациенти со умерен SCORE, ESC или Framingham скор и додатно да ги класифицира во насока која се стреми кон зголемен или кон намален ризик. Исто така, научните студии покажуваат дека некои од пациентите коишто се класифицирани во група на низок ризик, според традиционалните методи за скоринг - со тропонинскиот тест се класифицираат во група на умерен ризик, при што клиничарите треба да им посветат дополнително внимание.

 

Укажува дали терапијата оди во правилна насока

Освен за стратификација на општата популација во групи на срцев ризик, тестот може да се применува и за следење на ефикасноста на терапијата или промената на животните навики кај пациенти веќе заболени од срцеви болести. На пример, студиите покажуваат дека кај кардиоваскуларни пациенти коишто земааат статинска терапија, концентрација на тропонин има тенденција да се намалува и воедно да доведе до подобра прогноза. Или со други зборови - доколку се направат вистинските промени во животните навики и се користи соодветната терапија, тестот може да покаже дека статусот на срцевиот ризик ќе се намали, односно кај некои пациенти ќе премине од висок во среден или од среден во низок. Ваквата прогностичка следливост може да ги убеди пациентите да продолжат да се придржуваат до нивната терапија и правилните животни навики.

 

Препораки врз основа на резултатот

Препораките за тоа како треба да се менаџираат пациентите во однос на нивната класификација по срцев ризик се слични на тие на ESC:

 

  • Низок ризик: пациентите со низок срцев ризик секогаш треба да бидат советувани за здрави животни навики, како што се одржувањето на здрава телесна маса, физичката активност и прекинувањето со пушење цигари.

 

  • Среден ризик: кај пациентите со умерен срцев ризик, клиничарот треба да одржи посериозен и подетален разговор со пациентот во однос на промена на животни навики и да земе предвид воведување на терапија доколку факторите на ризик останат неконтролирани. Кај овие пациенти исто така треба да се имплементираат почести прегледи со цел соодветен мониторинг.

 

  • Зголемен ризик: кај пациентите со висок срцев ризик, клиничарот треба да препорача значајни промени во животните навики, како и препишување на лекови за контрола на крвниот притисок и статинска терапија.

bottom of page