top of page
Image by CDC
Тестови за детекција

ТЕСТОВИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА

ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ

Биохемиски пакети
тестови за антитела

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕСТОВИТЕ

Поеќе инфо КОВИД
COVID-Results.jpg


ТЕСТОВИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА COVID-19

 

Во нашата лабораторија за молекуларна дијагностика, имплементирано e т.н. biosafety 2 ниво на сигурност (BSL2), а достапни се различни тестови за детекција на COVID-19 (SARS-CoV-2), сите акредитирани од Светска Здравствена Организација (СЗО) и со највисока специфичност и сензитивност.

 

Која е разликата помеѓу PCR тестот и брзите антигенски тестови?

 

Со RT-PCR тестот се одредува присуство или отсуство на генетски материјал од самиот вирус во испитуваниот примерок. Ова е високо сензитивна метода, благодарение на која може да се детектираат и многу ниски концентрации на вирусот, односно истиот може да се детектира на самиот почеток или на самиот крај од инфекцијата.

 

Брзите антигенски тестови се препорачуваат кај оние кои веќе имаат манифестација на симптоми карактеристични за COVID-19, бидејќи тие се помалку сензитивни од PCR тестовите и не детектираат ниски нивоа на вирусот.

 

Дали треба да се закаже термин и какви примероци се потребни? 

Земањето на примероците, т.е брисови од нос и грло за PCR тестовите, како и назофарингијални брисови за антигенските тестови се прави и без претходно закажување. Лабораториите работат секој работен ден од 07:30 - 15:00 часот.

КОВИД тестови
Organizing Test Tubes
биохемија

 

ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕСТОВИ ЗА COVID-19 ПАЦИЕНТИ

 

Од што се состојат пакетите?

 

Инфекцијата со COVID-19 (SARS-CoV-2) вирусот се карактеризира со широк спектар на различни симптоми кај различни пациенти, а воедно и со различен степен на сериозност. Во многу студии утврдено е дека пациенти кои имаат тешка и сериозна клиничка слика имаат и зголемено ниво на некои лабораториски параметри, чие што следење може да даде увид во прогресијата на болеста и понатамошната насока на лекување.

 

Поради ова сознание, создадовме три пакети на лабораториски анализи за COVID-19, и тоа основен пакет и два проширени пакети. Покрај основните биохемиски параметри, и во двата пакети се вклучени и други параметри кои се важни за следење на состојбата кај COVID-19 позитивните - вклучена е и анализа на следниве маркери: д-димери и ц-реактивен протеин (CRP) во основниот COVID-19 пакет, како и феритин, интерлеукин-6 (IL-6), лактат дехидрогеназа (LDH), тропонин, протромбинско време (PT/INR) и антитела во проширените пакети.

 

Дали треба да се закаже термин и какви примероци се потребни?

 

Анализите може да се направат и без претходно закажување. Лабораториите работат секој работен ден од 08:00 - 16:00 часот. Се земаат примероци од крв.

антитела

 

COVID-19 АНТИТЕЛА

 

Во нашата лабораторија воведени се тестови за антитела кои ја имаат највисоката специфичност и сензитивност од сите тестови на антитела за SARS-CoV-2 кои се воопшто достапни. Со нив се детектираат нивоата на неутрализирачките IgM и/или IgG SARS CoV-2 антителата, кои специфично го таргетираат т.н. “spike“ протеин на вирусот кој предизвикува COVID-19. 

254367.png
тестови за патување

COVID-19 ТЕСТОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

 

Какви тестови се бараат?

 

Во ZAN MITREV LABS може да направите брз антигенски тест по цена од 1000 денари или пак директен PCR тест по цена од 1990 денари. Резултатите од брзиот антигенски тест се добиваат за 15-20 минути, а резултатите oд PCR тестот во текот на денот.

 

Рестрикциите за патување во странство поврзани со пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2 варираат во зависност од државата во која се патува. Но сепак задолжителни се негативни COVID-19 тестови, особено за оние кои патуваат со авион.

 

Се прифаќаат негативни PCR тестови или пак негативни антигенски тестови одобрени од страна на СЗО. Се бараат резултати изработени во строго одредени временски рамки. За овие податоци пациентите треба претходно да се информираат и да ја изберат опцијата која најмногу им одговара.

Дали може да ги добијам резултатите на друг јазик?

 

Во услугата вклучен е превод на англиски или германски јазик и уникатен QR код кој ја гарантира веродостојноста на резултатот.

РАБОТА ВО ПАНДЕМИЈА

Пандемија

 

​​BIOSAFETY LEVEL 2 (BSL2) НИВО НА СИГУРНОСТ

 

Во делот од лабораторијата во кој се процесираат материјалите од потенцијално инфективните примероци (како на пример брисови од SARS-CoV-2), имплементирано е т.н. Biosafety Level 2 (BSL2) ниво на сигурност, каде што персоналот користи физичка бариера и негативен воздушен притисок поради создавање на потенцијално опасни аеросоли од вируси, бактерии и други патогени микро-организми. Вакви аеросоли се формираат при рутинските процедури на работа како што се мешање, пипетирање, вортексирање или центрифугирање, така што сите примероци мора да се процесираат во кабинет во кој постојано струи воздухот со негативен притисок за да се превенира ширењето на тие аеросоли. Покрај тоа, во овој дел од лабораторијата се користи посебна лабораториска и заштитна опрема која е наменета само за таму. Пристапот е ограничен за сите кои не се вклучени во процесот.

ДРУГИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

Во ZAN MITREV LABS просториите се чистат и дезинфицираат неколку пати во текот на денот. Нашиот персонал е едуциран и обучен за практикување на сите мерки за заштита од SARS-CoV-2, како што се: одржување лична хигиена и честа дезинфекција на рацете, постојано носење маска, одржување на соодветна дистанца, внимателност при работа, соодветно справување со отпадот и слично.

Покрај тоа, сите пациенти кои влегуваат во просториите на лабораториите обврзани се на своето лице да имаат заштитна маска која соодветно ќе ја носат се додека не излезат надвор.

 

На влезот се поставени диспензери со дезинфециенс, така што по секое влегување или излегување ги потсетуваме пациентите да ги дезинфикуваат своите раце.

Исто така, постојат и посебно дефинирани процедури за препознавање и справување со пациенти кои покажуваат симптоми на COVID-19, за кои нашиот персонал е соодветно обучен. laboratory

bottom of page