top of page

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Изјава за приватност

Оваа Изјава за приватност го уредува користењето на софтверската апликација за ZAN MITREV LABS за закажување (https://zmc.tiktak.mk/). Апликацијата им овозможува на корисниците директно да закажуваат термини за лабораториски тестови во ZAN MITREV LABS во Скопје. Апликацијата ги обработува личните податоци кои што корисниците ги пополнуваат кога се регистрираат. При регистрацијата се собираат и обработуваат следните категории на лични податоци: име и презиме, телефонски број, и електронска пошта. Наведените лични податоци се потребни за функционалноста на апликацијата. Постои можност и да се искористат личните податоци на корисниците за повремен контакт со цел пренесување важни информации, потребни известувања, и промоции.

 

Автоматски собрани лични податоци

Апликацијата не ги собира и/или обработува автоматски личните податоци на корисниците, како што се: видот на мобилниот уред или компјутерот, идентификациски број на мобилниот уред или компјутерот, IP адресата на мобилниот уред или компјутерот, информации за контактите на корисниците, информации за пријавување на корисниците на други апликации и веб-страни, лични податоци од уредите и слично. Апликацијата не собира и/или обработува информации за локацијата на дигиталниот уред на корисниците.

 

Пристап до собраните лични податоци преку апликацијата

Само збирните и анонимни податоци периодично се пренесуваат до надворешни добавувачи на услуги со цел подобрување на апликацијата и услугите кои таа ги овозможува.

 

Пристап до собраните лични податоци преку апликацијата до трети лица е можно:

  • кога е потребно согласно закон;

  • кога сметаме дека дозволувањето пристап е потребно за: заштита на правата на ZAN MITREV LABS, заштита на корисниците или заштита на други лица, истрага на измама, или пак одговор на барање од некој државен орган;

  • од страна на доверливи даватели на услуги кои постапуваат во името и за сметка на ZAN MITREV LABS, кои немаат независна потреба и корист од личните податоци до кои им се дава пристап, а кои се согласиле да се придржуваат до правилата утврдени во оваа изјава за приватност. Пристапот на секое трето лице до личните податоци на корисниците во текот на давањето услуги во името и за сметка на ZAN MITREV LABS ќе биде регулиран со строги договорни ограничувања со цел заштита на личните податоци на корисниците и применување на важечките законски одредби од областа на заштитата и тајноста на обработката на личните податоци.

 

Обработка и задржување на личните податоците на корисниците

ZAN MITREV LABS врши обработка и задржување на личните податоци на корисниците согласно Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци, Актот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, и останатите правилници од областа на заштитата на лични податоци на ZAN MITREV LABS. Личните податоци на корисниците се задржуваат за време на користењето на Апликацијата од нивна страна и за разумно време по прекинот на нејзиното користење. Доколку корисниците сакаат ZAN MITREV LABS да ги избрише обработуваните лични податоци собрани преку апликацијата, за истото може да нѐ информираат на info@zml.mk, на што ќе биде одговорено во разумно време.

 

Безбедност на апликацијата

Обезбедување заштита и тајност на личните податоци собрани преку апликацијата е одговорност на ZAN MITREV LABS. Со таа цел, ZAN MITREV LABS обезбедува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се собирани, обработувани, и чувани преку апликацијата. Имајќи го тоа предвид, иако ZAN MITREV LABS настојува да обезбеди разумна заштита на личните податоци кои се обработуваат и чуваат, не постои сигурносен систем кој може да ги спречи сите потенцијални нарушувања на истиот.

 

Измени

Оваа Изјава за приватност може да биде ажурирана од време на време во зависност од потребите на ZAN MITREV LABS. Корисниците на апликацијата ќе бидат навремено известени за било какви измени преку објавување на новата Изјава за приватност на веб-страната или преку е-пошта или смс порака. Се препорачува сите корисници на апликацијата редовно да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност за било какви промени, особено со оглед на тоа што користењето на апликацијата се смета како одобрување на сите измени.

 

Согласност од корисниците на апликацијата

Со користењето на aпликацијата, корисниците се согласуваат ZAN MITREV LABS да ги обработува нивните лични податоци под условите наведени во оваа Изјава за приватност и нејзините натамошни измени. Обработка на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник бр.7/05, бр.103/08, бр.124/10, бр.135/11, и бр.43/14) претставува секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

 

Контакт

Доколку корисниците на апликацијата имаат прашања во однос на тајноста на личните податоци за време на користењето на оваа aпликација, или пак прашања во врска со практиката на ZAN MITREV LABS од оваа област, може да ги постават своите прашања преку електронска пошта на info@zml.mk.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

услови
  1. Со користење на услугите на www.zml.mk, се признаваат и прифаќаат условите за користење на веб-страната. ZAN MITREV LABS го задржуваат правото во секое време да ги изменат овие услови.

  2. ZAN MITREV LABS ќе се стремат да ја обезбедат услугата достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежни прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно - ќе бидат објавени на веб-страната. ZAN MITREV LABS го задржуваат правото во секое време да променат, ограничат или укинат одделни делови од услугата.

  3. За да се користи услугата за електронски плаќања, корисникот е должен да се регистрира со вистинити и точни податоци. Корисникот ја користи услугата на сопствена одговорност. Клиниката не презема одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата или поради недостапност на услугата во одредени периоди.

  4. Како предуслов за употреба на веб страната, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз веб-страната за преземање на информации од истата; Вашето користење на веб страната во секое време ќе биде во согласност со овие услови за користење; ќе правите легитимни закажувања за лабораториски услуги и нивно плаќање; ќе оставате точни информации за Вас на било кое барано место на веб-страната; ќе ги менувате Вашите лични податоци по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

  5. За електронското плаќање на услугите на ZAN MITREV LABS преку веб страната www.zml.mk, корисникот ги внесува основните податоци за себе.

  6. По обидот за трансакција, корисникот добива потврда по е-пошта/банер или смс известување за статусот на трансакцијата, односно дали истата е извршена или е неуспешна.

  7. Веб-страната е отворена за секој посетител на www.zml.mk; лабораториите го задржуваат правото без претходна најава и известување да го ограничaт или да го укинат пристапот до услугата на одреден посетител, доколку тој ја користи услугата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:

  • постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити;

  • постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама.

  1. Доколку корисникот се посомнева во неавторизирано користење на неговите податоци, тој е должен веднаш да ги извести ZAN MITREV LABS за евентуално неовластено користење на услуги преку неговото корисничко име.

  2. Провизијата за плаќање на услугите преку веб-страницата www.zml.mk е на товар на лабораториите.

  3. Во случај на потреба од поврат на средства, корисникот е должен да поднесе барање за поврат на средства со детално објаснување на причините за истото. Барањето се поднесува по електронски пат на info@zml.mk.

  4. Авторските права за СИТЕ содржини употребени при изработката на веб-страната ѝ припаѓаат на лабораторијата, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на веб страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на веб-страната и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без претходна добиена писмена дозвола од ZAN MITREV LABS.

  5. Во ниту еден случај ZAN MITREV LABS, неjзините соработници, нејзините вработени, агенти, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од или се поврзани со: Вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот.

  6. ZAN MITREV LABS нема да се смета за одговорна за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овие yслови кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од нејзина контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна (прогласена или не) или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и слично.

  7. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме не ја користете нашата веб-страна. Вие, континуирано користејќи ја веб-страната и притоа следејќи ги промените на овие услови, автоматски ги прифаќате дадените промени.

bottom of page